Достапни линкови

logo-print

Подгорица: Според првичните резултати победа на Мило Ѓукановиќ


Според сеуште нецелосните резултати од вчерашните парламентарни избори во Црна Гора, победник е владејачката коалиција на премиерот Мило Ѓукановиќ. Од 81 пратеник во црно-горскиот парламент, коалицијата ,,За европска Црна Гора,, освоила 41 пратеник, така-наречената Српска листа 12, а другиот опозиционен блок 11 пратенички места. Премиерот Ѓукановиќ синоќа изјави дека владејачкиот блок освоил апсолутно мнозинство и оти резултатите од изборите се победа на про-европската политика на Црна Гора. Целосните резултати од изборите треба да бидат објавени денеска.
XS
SM
MD
LG