Достапни линкови

Експертите со поделени мислења за владината најава преговорите со ЕУ да започнат идната година


Не до крајот на годинава, како што често се најавуваше откако го добивме кандидатскиот статус, туку наредната година е терминот кој новата Влада го определи како очекување за добивање датум за почеток на преговорите со Европската Унија, а дотогаш ќе работи на остварување на реформите. Со овој став, владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски која попладнево ќе отпатува за Брисел ќе излезе пред и европските претставници. Експертите поделени околу ваквата најава од Владата. Аналитачарот по меѓународни односи Иван Дамјановски, смета дека ваквата стратегија е пореална во однос на претходната:

„Значи неможе ние да бараме покус рок за отпочнување на преговори, доколку претходно ги немаме исполнето критериумите кои што се бараат од нас за да се започнат тие преговори. Како што реков, определен дел од тие критериуми кои експлицитно се наведени во мислењето на ЕК не се исполнети, и на тој начин би била многу посериозна постапката на Владата, отколку да се бараат од старт покус рок, а не сме ги исполниле критериумите.“

Наспроти Дамјановски, професорот од Факултетот на Југоисточна Европа Назми Малиќи, смета дека со ваквото одлагање, како држава покажуваме дека не сме подготвени за отпочнување на преговорите и исполнување на обврските, а воедно се демонстрира и неединство за прашање за кое досега имаше консензус меѓу сите политички партии, па и оние што сега се во власта:

„И оваа Влада треба да го сочува континуитетот бидејќи постоеше таков конзензус. Ова одлагање сепак остава една резерва, едно сомневање дека се бега одтоговнорста за прифаќање на стандардите од Европската Унија.“

вели Малиќи.
Во Брисел освен со претставниците на Европската Унија, владината делегација предвидено е да се сретне и со врвот на НАТО, пред кој ќе ја прeтстави годишната национална програма за членство на Македонија во Алијансата, а како главен покровител за интеграциите во НАТО ќе биде определен премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG