Достапни линкови

Законот за следење на електронски комуникации во собраниска процедура


По неколку неуспешни обиди да се усвои, законот за следење на електронски комуникации конечно е во собраниска процедура. Експертите велат дека потребата од донесување на овој закон е неопходна, а негова цел е подобрување на безбедноста на граѓаните, истовремено овозможувајќи и заштита на нивната приватност.

„Се анулира можноста полицијата самостојно да ги детектира непријателите на државата. Тоа е главната компонента. Затоа што до 98 година, прислушувањето се случувало, не сме знаело, беа обелоденети, немаме никаква контрола на тоа што го прават службите. Ова е каква таква регулатива за заштита од можното незаконско продирање на полицијата и тајните служби во приватноста на граѓаните,“

објаснува проф.др. Ѕвонимир Јанкуловски, експерт за човекови права во

Институтот за социолошки и политичко-правни испитувања
Прекршувањето на човековите права со овој закон не се исклучува, но не постои идеален закон, потенцира Јанкуловски. И партиските реакции во однос на донесување на ваков закон, се позитивни.

„Овој закон постои во сите држави. Во него пишува кои се ограничувањата и сметаме дека тој закон треба да се донесе, а за кршење на приватноста треба да се одговара,“

изјави Трајко Вељјановски од ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократите се надеваат дека со овој закон приватноста на граѓаните минимално ќе се наруши, а за сметка на тоа ќе се спречат криминалните активности во државата.

„Тоа е прашање што се става на вага после 11 септември. Дали приватноста на едно лице ако биде загрозена, е поголема штетата, ако тоа лице направи криминал со којшто ќе бидат оштетени поеќе луѓе.“

изјави Есад Рахиќ од СДСМ

И од ВМРО-Народна партија велат дека ќе го подржат законот.

„Има елементи каде што можеби би требало да се продискутира и ние во тие точки ќе интервенраме, за да не се нарушат човековите права,“

изјави председателката на ВМРО-НП, Весна Јаневска

Експертите велат дека со донесување законска рамка за употреба на средства на следење ќе се усогласи и нашата регулатива со онаа на Европската Унија за заштита на приватноста, особено со Европската конвенција за човекови права и со препораките на Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG