Достапни линкови

Подгорица: Први парламентарни избори по прогласувањето на независност


Граѓаните на Црна Гора денеска избираат 81 пратеник на црногорското Собрание на првите парламентарни избори по прогласувањето на независноста на земјата во јуни годинава. Право на глас имаат околу 500 илјади лица. Граганите може да се определат за кандидатите од шест коалиции, пет партии и едно граѓанско движење. Покрај пратеници за новиот парламентарен состав, црногорските граѓани денеска избираат и општински советници во 14 и градоначалници во 13 општини. Според анкетите на јавното мислење спроведени пред изборите, предност има коалицијата “За европска Црна Гора“ предводена од премиерот Мило Ѓукановиќ, што ја сочинуваат Демократската партија на социјалистите, Социјалдемократската партија и Хрватската граѓанска иницијатива. Изборите ги набљудуваат речиси триста странски и околу 2.000 домашни набљудувачи.
XS
SM
MD
LG