Достапни линкови

logo-print

Економските резултати се катастрофални како последица на лошата економска политика


На овој ден пред 15 години 95 отсо од граганите што излегоа на референдумот гласаа за независност на Македонија и со тоа го определија патот на самостојна држава. На тој пат пак граганите, шесте премиери и трите претседатели кои што тие ги избраа на демократски избори неколку пати беа испречувани пред полтичките, безбедносни и економските предизвици. Хронолошнките спорот со името со Грција кој сеуште не е решен започна во 1993 година со економското ембарго кое траеше 18 месеци , потоа следуваа гостиварските настани во кои еден човек загина откако полицијата реагираше поради истакнато албанко знаме на општинската зграда, бегалската криза во која Македонија прими околу 400 иљади косовски бегалци. Настани пак кои ја потресоа јавноста и политичката сцена беа и неуспешниот атаента врз тогашниот претседател на државата Киро Глигоров и авионската несрека во која загина претседателот Борис Трајковски.Во меѓувреме најбитно и најголемо поместување предизвика конфликтот од 2001 година кој се разреши со рамковниот договор.Тогаш по 10 години откако собранието го изгласа уставот за независнот тој беше сменет и во него беше вметнат и новиот договор.
Оценката на академикот Блаже Ристевски е дека досега државава ја носеа многу ретрогадни процеси и неопходен нов подем

„Нам ни е потребен подем, возобновување на еланот во државата. Да се даде нов дух, пред се на младите генерации, за да може да најдат своја егзистенција во својата земја и да нема барање парче леб зад нашите граници, кои впрочем сега ни се затворени.“

Осврнувајки се на економската состојба во државава професрот Душан Велковик вели дека во таа област речиси и да нема прогрес.Многу грешки вели тој и малку успешни проекти ги доведоа гарагните во незавидна положба

„Практично Македонија во периодов оствари назадување во економскиот развој и по низа параметри се наоѓа под нивото кое го имаше во моментот на осамостојувањето. Тоа не е последица на фактот на осамостојување, туку по мои сознанија и анализи е последица на погрешната политика која ја водеа луѓе кои не беа ориентирани кон прогрес на земјата.“

Сепак државава имаше и убави моменти. Граѓаните се радуваа на успехот на филмот Пред Дождот на режисерот Милчо Манчевски кој доби злаетн лав на венецијанскиот фестивал, на титулата европски првак во ракомет која ја освои клубот Кометал Горче Петров. На градскиот плоштад се славеше можеби и за најголемата потврда дека Македонија се движи во вистинската насока односно денот кога добивме статус земја кандидат за влез во Еропската Унија.
XS
SM
MD
LG