Достапни линкови

Лондон: Осум членови од кабинетот на Тони Блер си поднесоа оставки


Осуммина помлади членови на кабинетот на британскиот премиер Тони Блер поднесоа оставки откако владејачката Лабуристичка партија се најде во незавидна позиција по некои најави дека Блер планира да ја напушти функцијата. Според некои пишувања, Блер планирал да остане премиер до средината на идната година. Од британската влада е најавено дека Блер во текот на денов ќе и се обрати на јавноста во врска со ова прашање.
XS
SM
MD
LG