Достапни линкови

Домашното произвоство е незаштитено, порачуваат стопанствениците


Не се знае што е полошо – нелојалната конкуренција или корупцијата, се прашуваат стопанствениците од земјоделско- прехрамбениот сектор анализирајќи ги сопствените напластени проблеми кои сакаат да ги чуе новата Влада. Се продава на црно, превисоки се царините на увезените суровини, нема стимулации, не се организирани индивидуалните производители, па не можат на пазарот да понудат ниту квалитет ниту квантитет, а сепак најмногу боли незаштитеноста на домашното производство:

„Сите земји си прават ,,скриени“ мерки за да се спречи увозот, а ние имаме ,,скриени“ мерки за да се подржува увозот. И тоа е голема катастрофа. Луѓето кои што се увозници си направија големи пари се многу моќни, влегуваат во сите пори и многу тешко се менуваат состојбите. Кај нас попрво документите влегуваат, отколку месото. Увозниците на пилиња на пример, тие продаваат на нерегистрирани фарми, сето тоа е потпомогнато од оние кои тоа треба да го спречат.“

вели сопственикот на „Жито Вардар“ Ристо Ташев.
Ташев бара борба против т.н увозничко лоби кое вели е создадено од интересите на луѓе од власта. Истовремено, никаква поддршка при извозот. Производителите никогаш не знаат што се субвенционира и што е потребно на пазарот, не знаат што се тоа класи на производите кои постојат во западните земји, а постојат и други кочници.

„Мал број е на оние што можат да се пофалат со софистицирана технологија која кај нас е од 70-тите години и никогаш неможеме да бидеме во чекор со било кои од понапредните земји. Ако тоа не го решиме мислам дека ситуацијата ќе биде уште по критична.“

Новата Влада го стави земјоделието високо на листата на приоритетите, а тоа побрза да го демонстрира уште на првата владина седница преку намалувањето на ДДВ-то:

„Да не заборавиме дека таа мерка, сега треба да најде соодветна примена. Дали навистина трговците ќе го намалат ДДВ-то и мора да се работи на организирање на пазарните институции, мора аграрната политика на Македонија да се прилагоди кон аграрната политика на ЕУ и мора да се зголеми буџетската подршка за земјоделците.“

Вели проф. Драги Димитриевски од Земјоделскиот факултет.
XS
SM
MD
LG