Достапни линкови

Америка не треба да гласа за промени кога е во војна


Претседателот Џорџ Буш уште еднаш ги потсети американците дека се уште не се безбедни од терористите и оти неговата влада планира да го порази непријателот. Само неколку недели пред изборите за Конгресот кои по се изгледа ќе им припаднат на опозиционите демократи, пораката на Буш е иста како онаа со која беше реизбран за претседател поред две години: Америка не треба да гласа за промени кога е во војна.

Американскиот претседател Џорџ Буш оценува дека бил направен суштествен напредок во војната против тероризмот, но со забелешката:

„Пет години откако нашата земја беше напдната, опасноста од терористите и натаму останува. Ние сме земја во војна и Америка, заедно со нејзините сојузници е решена да победи.“

Ваквите оценки Буш ги изнесе во говорот пред воените офицери во Вашингтон, момент на кој се гледа како на почеток на официјалната кампања за есенските избори за Конгресот. Последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека дури шеесет и еден насто од американците се против војната и оти пеесет и седум проценти не го сакаат Буш за претседател. Политичките аналитичари предвидуваат дека републиканците на Буш би можело да го загубат мнозинството во двата дома на Конгресот. Вчерашниот говор Буш го искористи за да го обелодени обновениот антитерористички план на Белата Куќа кој се состои од пет точки, меѓу нив: напаѓање на непријателот во странство со цел тој да не дојде во Америка, ширење на демократијата и слободата и неширење на оружјето за масовно уништување. Во врска со идните потенцијални опасности Буш е дециден:

„Лидерите на Ал Каида се надеваат да создадат насилна политичка утопија на Блискиот Исток која ја нарекуваат калифат и каде што ќе владеат според нивната идеологија на омраза. Осама Бин ладен нападите врз Америка ги нарече цитирам: голем чекор кон обединување на муслиманите во праведн калифат.“

изјави американскиот претседател Џорџ Буш во најновиот обид да ги убеди американците да се согласат со него. Доколку не му успее, тогаш тој во наредните две години ќе се соочи со поинаков Конгерс од сегашниот.
XS
SM
MD
LG