Достапни линкови

Владините економски мерки со добра анализа би требало да бидат прифатени од ММФ, велат експертите


Има ли простор познавајќи ја буџетската структура на Македонија, за спроведување на зацртаните мерки од страна на Владата во областа на економијата, а кои пред се, се однесуваат на воведување на т н. рамни даноци, повластици за странските инвестции и потребата за развојна компонента на буџетот? Економските експерти сметаат дека доколку Владата покаже силна посветеност, може да ја спроведе ваквата политика и оти таа не би била во спротивност со Стенд бај аранжманот кој државава го има со ММФ. Економскиот експерт од Центарот за економски анализи Марјан Николов вели:

„Во јавната потрошувачка во Македонија има внатрешни резерви. Не сакам да звучам малициозно но пресметајте само, кога би се решиле сите ,,Бачила,, во Македонија, колку пари би донеле. Досега сите такви скандали се еднакви на одлуката на Владата за намалување на даночното оптоварување во земјоделскиот сектор.,,

Доколку Владата излезе со издржана анализа за очекуваните ефекти при спроведувањето на ваквите мерки, тогаш Меѓународниот монетарен фонд и остатаните финансиски институции кои инаку се залагаат за силна буџетска дисциплина, не би имале ништо против при нивното спорведување, потенцира Николов.

„Верувам дека Владата на Македонија има пресметано што би значело воведување на рамни даноци. Можеби тоа на краток рок ќе значи зголемување на буџетскиот дефицит, меѓутоа на среден и краток рок би значело зголемување на економската активност во државава. Се она што е добро осмислено, во конзистентна рамка, во тој случај ММФ е подготвен да разговара со партнер.“

Домаќинско работење што нема да го наруши балансот на буџетот, е главниот аргумент со кој Владата ќе бара подршка од меѓународните финансиски институции за спроведување на планираните мерки. Министерот за финансии Трајко Славевски во интерјву за Радио Слободна Европа посочи:

„Со домаќинско трошење на средствата од даночните обврзници на Македонија, од страна на корисниците на буџетот, ќе ги обезбедиме неопходните заштеди за да се надомести евентуалната загуба.“

вели Славевски.
XS
SM
MD
LG