Достапни линкови

logo-print

Исламабад: Демант од пакистанскиот генерал Шаукат Султан


Пакистанскиот генерал Шаукат Султан го демантира извештајот на американската телевизиска станица Еј Би Си во кој беше наведено дека тој изјавил оти Осама Бин Ладен нема да биде уапсен доколку се согласи да живее мирољубиво во Пакистан. Генерал Султан изјави дека таквиот извештај е фабрикуван и апсурден. Според некои експерти, Бин Ладен се крие во Пакистан, во близина на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG