Достапни линкови

Затворени врати за Бугарија и Романија?


По проширувањето на Европската Унија на Исток, стотици илјади мигранти од поранешните комунистички земји се упатија во Британија во потрага по работа. Поведени од тоа искуство, британските власти размислуваат како да се одбранат од мигрантите од Бугарија и Романија кога тие ќе станат членки на Унијата.

Повеќето се согласуваат дека станува збор за успех, бидејќи вредните имигранти ги исполниле празнините во британската економија. Сепак, владата на премиерот Тони Блер сега навестува дека ќе ја затвори вратата кога Романија и Бугарија ќе и се придружат на Европската Унија. ,,Постои економска полза од таканаречената контролирана имиграција, но доколку таа е пребрза и преголема тогаш ги притиска јавните служби,, велат опозициските конзервативци кои се за воведување ограничувања за влез на работници во Британија. Јан де Вилде, од Меѓународната организација за миграции во Лондон вели дека тоа е поради страхувањето да не се повтори ситауцијата по минатото големо проширување на Унијата:

„Нивната претпоставка е дека ќе бидат во состојба да ги прифатат повеќето од оние што доаѓаат од новите членки. Сепак, откако Бугарија и Романија почнаа сериозно да чукаат на портите, сега се чини дека ќе треба извесна ригорозност.“

Бранот од источна Европа ги надмина сите претпоставки. Во изминативе две години во Британија влегоа над четиристотини и дваесет илјади странци, претежно поски државјани. До сега ваквата миграција не предизвика поголеми проблеми во општеството. Но, британската влада проценува дека со можното доаѓање на околу сто и пеесет илјади романци и бугари само во текот на првата година може да се очекуваат и некои потешкотии. Расправата во Британија будно ја слецдат и во дваесет и две милионската Романија и во осум милионската Бугарија. Две земји кои ќе бидат најсиромашните земји на Унијата велат дека стопанствата им се развиваат и оти само мал број луѓе ќе се решат да бараат работа во странство. Според прописите на Европската Унија, на граѓаните на сите членки мора да им биде дозволено да работат каде што сакаат. Но, само Британија, Шведска и Ирска ги отворија своите пазари на трудот по големото проширување пред две години. Во меѓувреме, тоа го сторија и Шпанија, Португалија, Грција и Финска. Сите членки треба да ги укинат ограничувањата до две илјади и единаесетата година.
XS
SM
MD
LG