Достапни линкови

Во Македонија партиската книшка останува поважна од професионализмот


Речиси илјада и осумстотини директори и функционери од јавните претријатија и останатите пониски ешалони се сменети во изминативе десетина дена, од изборот на новата Влада. Процес, кој според досегашнотото искуство се повторува при секоја смена на владеачката гарнитура во Македонија. Ваквите партиски смени според професорот од Правниот факултет Татјана Каракамишева ја отсликува најголемата болка на македонскиот систем, што не успеа во изминативе години да изгради професионален административен кадар, па сега се оди во крајна политизација во која се нема граници:

„И тоа сега едноставно се провлекува години со ред. Се додека политичките партии не разберат дека еден дел од македонскиот административен систем мора да биде професионалн изграден врз стручни критериуми, се дотогаш ке ни се случуваат вакви чисти по основ на тоа кој доаѓа и кој си заминува од власт.“

Поради процесот на постојана обука на новите кадри трпи непреченото функционирање на институциите и континураното спроведување на реформите, а во ,,чистката,, како што вели Каракамишева, не ретко на удар се наоѓаат и професионалните кадри:

„Затоа што во приницип секоја политичка гарнитура која постојано се наоѓа во ,,стрес“ дека нема лојални работници од друга страна губи премногу време за докажување, или за вакви смени затоа што тоа значи нови луѓе и постојано враќање на почетокот.“

Во Владата ни изјавија дека одлуката за промените произлегува од исходот од последните парламентарни избори на кои што, граѓаните ја оценија работата, а со тоа и на целокупниот ешалон од претходната власт, како неуспешна.

Опозиционата СДСМ критикува дека смените се направени незаконски и оти е создаден вакум во кој е блокирана работата на институциите, но оттаму не го доведуваат во прашање правото на ВМРО ДПМНЕ за промена на кадрите, наспроти да се размислува за нивна професионализација:

„Значи неспорно е дека ВМРО ДПМНЕ има право да именува државни функционери кои ќе ја спорведуваат нивната партиска политика, но не да имаме ваков правен вакум од повеќе од една недела, во која имаме целосно парализирање на институциите.“


Посочува Емилијан Стојковиќ од СДСМ.
XS
SM
MD
LG