Достапни линкови

Македонија треба да го постави прашањето за демаркација на границата со Косово


На престојниот состанок на контакт групата за Косово кој треба да се одржи на почетокот на следната недела во Софија, Македонија треба да ги изрази своите согледувања и ставови во врска со можните проблеми кои можат да се појават при решавањето на статусот на покраината смета професорот од правниот факултет Владо Поповски

„Особено што Република Македонија има и еден нерешен проблем, а тоа е демаркацијата на граничната линија спрема Косово. Неопходно е Македонија тоа да го постави како проблем, што може да се реши на два начини, или пред или во пакет со статусот. Но, мислам дека Македонија треба да инсистира проблемот со демаркацијата да биде во пакет со статусот на Косово.“

Во однос на демаркацијата на границата пак поранешниот премиер Владо Бучковски имаше средби со косовскиот колега Агим Чеку и нивната заедничка констатација беше дека обележувањето на границата треба биде дел од процесот за решавање на статусот и оти тоа треба да биде граничната линија од времето на СФРЈ. Во тој период се јавија и несогалсувања меѓу претседателот на државата Бранко Црвенковски и тогашниот пермиер Бучковски кој сметаше дека улогата на Македонија во решавањето на статусот треба да биде активна.

Новата влада сеуште цврсто ги нема заземено позициите околу покраината. Престојниот состанок ке биде прв на кој преставниците на министерството за надворешнте работи под раководтво на Милошоски ке имаат можност да го изразат ставот. Портпаролот на министерството Шпреса Јусуфи дека тие остануваат непроменети:

„Финалниот статус на Косово треба да биде директен придонес за стабилноста на регионот и почитување на постоечките граници. Тој треба да приозлезе од дирекните разговори меѓу Приштина и Белград со посредство на меѓународната заедница. Што се однесува до границата, ние сме заинтересирани за негово побрзо затворање како прашање.“
XS
SM
MD
LG