Достапни линкови

Експертите советуваат рестартирање на некои индустриски капацитети


Рестартирање на бројните изумрени индустриски капацитети во Македонија и отворање на можноста за враќање на работа на армијата стечајци, ова е главниот аспект што ќе донесе брзи позитивни ефекти за македонските граѓани и ќе придонесе за заживување на економијата во државата, наспроти размислувањата и концентрираноста само на привлекувањето на странски инвестиции што е процес кој трае долгорочно и чии резултати за граѓаните неможе да бидат брзо почувствувани. Ова го посочуваат домашните економски експерти за тоа што е потребно за брзи видливи ефекти во македонската економија. Професорот Душан Вељковиќ објаснува:

„Да се направи една брза анализа кои капацитети кои се во мирување, во стечај или во ликвидација, за да се види кои од тие капацитети, а јас длабоко верувам дека има такви, можат да се рестартираат затоа што кога ќе се рестартираат некои капацитети и кога работниците ќе почнат да се враќаат на работа, тоа веднаш ќе се почувствува на животниот стандард.“

Овој процес, паралелно со енергичната борба против монополите и смалувањето на даноците, чекор што веќе го најави Владата, ќе придонесе за брзо заживување на македонската економија, додава економистот Вељковиќ.

„Смалувањето на персоналниот данок може да има директни и брзи ефекти врз подобрувањето на економската положба. Исто така од она што граѓаните можат брзо да почувствуваат, тоа е енергична битка против монополот во инфраструктурата“

Статистичките бројки кои изминативе говорат за раст од 4% на Бруто домашниот производ, за македонските граѓани незначат многу во секојдневната борба , против тешката економска состојба измерувајќи ги своите сили на преживување со најтешкиот месец во годината септември:

„Месечната кошница на еден обичен граѓанин изнесува 11 илјади денари, а со плата од 10 илјади денари може само скудно да се помине месецот.

„Безработицата број еден, сиромаштијата и арамилакот“

„Што ќе правам до први, а пензијата веќе ја потрошив.“


забележуваат граѓаните.
XS
SM
MD
LG