Достапни линкови

logo-print

Објективно известување и промоција на демократските вредности


На денешен ден, пред точно пет години, од студиото во Прага беше емитувана првата емисија на македонски јазик на радио Слободна Европа.
На почетокот секој ден во 12, 15 и 19 часот беа емитувани 15 минутни информативни емисии, за подоцна во 2002 година програмата да се прошири со уште една емисија која се емитува од студиото во Скопје, секој работен ден во 7 часот. Сите овие емисии можат да се слушнат на радиото Канал 77, во сите градови во Македонија. Пред една година, радио Слободна Европа почна да емитува 10 минутно неделно телевизиско интервју на седум локални телевизии низ земјава, а од јануари и на национално ниво на Канал 5 телевизија. Пред две години беа издадени и шест броеви на месечниот магазин Слободна Европа.

Во изминативе пет години, Радио Слободна Европа, се обидуваше да известува објективно, да ги промовира демократските вредности на едно општество и меѓуетничката толеранција и разбирање кај луѓето.

Дел од експертите со кои новинарите на радио Слободна Европа континуирано контактираат, анализираат и се обидуваат да разјаснат опредредени проблеми кои не опкружуваат, изјавија дека се среќни што во Македонија постои еден ваков медиум и оти им е задоволство што преку нашите емисии имале можност јавно да ги кажат своите ставови за најразлични теми. Еве што по повод петгодишниот јубилеј на Радио Слободна Европа, изјавија проф. Билјана Ванковска од институтот Евро Балкан, проф. Ферид Мухиќ од Филозофскиот факултет, политикологот Хисен Рамадани, проф. Абдулменаф Беџети од факултетот на Југоисточна Европа, и председателот на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски.

„Посебно ме импресионира обидот на новинарите, не само низ своите прилози, туку и низ консултацијата на експертската јавност, да понудат што поширок спектар на различни видувања. Значи, не се оди на промовирање на една линија, туку напротив на отворање форум и дијалог.“

„Мислам дека тоа е инзвонреден пробив во отворањето на нашата локална ситуација, за нашето мислење, не само да биде инпут, туку и аутпут, да се слушне што мислат македонските граѓани за околностите во светот.“

„Спаѓате меѓу најобјективните информативни фактори и би сакал така и понатаму да продолжите.“

„Сметам дека воведе нов стил на практикување на новинарството, на информациите во смисла на висока етика, професионалност и истражувачко новинарство.“

„Радио Слободна Европа, изминатите години направи пробив во Македонија беше добредојдена и ја исполни за сега својата цел.“
XS
SM
MD
LG