Достапни линкови

Во училиштата не треба да доминираат трендови туку знаење


Трошењето пари за да се купат книги, но и натпревар да се има брендирана облека. Во училиштата, меѓу науката се повеќе доминираат трендовите, но и големи разлики. Голем број деца се исклучени од можноста да ги следат непишаните правила на новото време што влегоа во училиштата со 1 септември:

„Па некои поевеќе некои помалку се спремале, заради пари.“
„Не сум љубоморна затоа што другите така се облекуваат.“


Сликата за почетокот на школската година, што не се доживува како образовен чин ја констатираат и социолозите. Маја Геровска, асистент на филозофскиот факултет во Скопје смета дека поради доминацијата на парите воспитната улога на образовниот систем е поматена, за што како што вели улога има трансофрмацијата на општеството:

„Се натпреваруваат да имаат гардероба од тој бренд. Тој феномен може да се дефинира како проблем на огромната невработеност кај нас, одреден дел од луѓето тоа не може да си го дозволат. Од друга страна, недостатокот на време кај поголем дел од родителите се компензира со трошење пари, што ја искривуваат перцепцијата кај младите, почетокот на школската година да се доживее како образовен чин.“

Разликите во најголем дел се чувствуваат меѓу семејствата, кои стануваат се посиромашни:

„Големо оптоварување е неколку илјади денари чинат нови учебници.“
„Ликовно е скап предмет, сите глини, боички што треба да се купуваат.“
„Сигурно е, со две деца, 15 илјади, облека, кондури, ташна, книги.“


Социолозите сметаат дека училиштата мора да фаворизираат поздрава средина:

„Мора да се најде заендичка средина што нема да придонесува во образованието да доминираат трендови, отколку знаење.“
XS
SM
MD
LG