Достапни линкови

logo-print

Дамаск и Техеран следни станици од блискоисточната турнеја на Кофи Анан


Во рамките на својата турнеа на Блискиот Исток следни станици на Генералниот Секретар на Обединетите Нации Кофи Анан се Дамаск и Техеран. Анан претходно ги посети Либан и Израел каде што разговараше за прекинот на огнот и распоредувањето на силите на Обединетите Нации во Јужен Либан.

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан во Ерусалим изрази надеж дека Израел ќе ги повлече сите сили од јужен Либан кога 5 илјади војници подржани од Обединетите Нации ќе бидат на теренот. Тој разговараше со израелскиот премиер Ехуд Олмерт за аспектите поврзани со резолуцијата за прекин на огнот во Либан која стапи на сила на 14 август со што заврши едно месечната војна меѓу Израел и Хезболах. Анан побара безусловно ослободување на двацата киднапирани израелски војници што и беше повод за едно месечната војна на Израел со Хезболах во Либан.

„Кога го посетив Либан, исто така, реков дека безусловно мора да се ослободат израелските војници, како што и овде го издигнав прашањето за затворениците на Хезболах во Израел,“

рече генералниот секретар Кофи Анан на прес конференција со изреалскиот премиер Ехуд Олмерт.

Кофи Анан го повика Израел да ја симне блокадата врз Либан. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека се надева дека прекинот на огнот ќе доведе до нови односи со Либан.

„Би сакал да истакнам дека Израел не е во конфликт со народот или владата на Либан. Ние се надеваме дека условите ќе се сменат рапидно и дека наскоро во директен контакт на двете влади ќе се постигне договор меѓу Израел и Либан.“

По посетата на Либан и Израел генералниот секретар Кофи Анан ќе ги посети Сирија и Иран. Посетата на Техеран планирана за в сабота доаѓа по крајниот рок 31 август во кој Иран треба да одговори на барањето на Советот за Безбедност на Обединетите Нации да ја прекине програмата за збогатување на ураниумот. До сега Иран не даваше знаци дека ќе го исполни ова барање согласно резолуцијата на Обединетите Нации. Техеран инсистира дека нуклеарната програма е исклучително за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG