Достапни линкови

Ерусалим: Израел за сега одбива укинување на поморската и воздушната блокада на Либан


Израел засега го одбива повикот од генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан за укинување на поморската и воздушната блокада на Либан. За време на разговорите во Ерусалим со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, Анан побара укинување на блокадата, но Олмерт оценил дека најнапред треба целосно да профункционира примирјето. Анан исто така изрази надеж дека Израел ќе ги повлече сите свои војници од јужен Либан кога во тој регион ќе бидат распоредени 5 илјади меѓународни мировници. Анан од Израел отпатува на Западниот Брег на разговори со палестинските лидери, при што повика на запирање на израелско – палестинските насилства.
XS
SM
MD
LG