Достапни линкови

Кои се „Соколите“ кои ја преземаа одговорноста за бомбашките напади во Турција?


Турскиот медитерански брег, вклучувајќи го и најголемиот турски град Истанбул деновиве беше потресен од серија бомбашки напади. Беа убиени тројца, додека десетици други, меѓу нив и многу странци беа ранети. Одговорноста за нападите ја презеде групата која себе си се нарекува Соколи за ослободување на Курдистан. Турските власти пак за нив велат дека се обични криминалци.

Оваа милитантна организација позната под кратенката ТАК прв пат го сврте вниманието на јавноста пред две години. И тоа не случајно, велат турските власти. Имено, Курдска работничка партија објави дека го завршува петгодишното примирје и оти ги продолжува непријателствата против турските безбедносни сили. Амберин Заман која е допсничка од Турција на британскиот магазин Економист вели:

„За Соколите за ослободување на Курдистан широко се верува дека се урбано герилско крило на Курдската работничка партија. Со други зборови, додека оваа партија оперира во внатрешноста на земјата, соколите се фокусират врз градските средини.“,

Соколите, преку нивната интеренет страница, предупредија дека приоритетна цел на нивните активности се туризмот и економијата на Турција.

„Многу често, како што тоа го направија во Мармарис, тие подметнуваат бомби во минибуси со кои се превезуваат странски туристи.“

Додава Заман која во врска со барањата на Соколите вели:

„Во основа тие велат дека причина за нивните напади е одмазда за операциите на турската армија против курдите. Тие велат дека нема да запрат се додека не биде ослобен лидерот на курдската работничка партија Абдула Очалан и додека курдите не ги добијат сите културни и политички права.“

Според Заман, нивните најнови напади се совпаѓаат со смената во командната структура на турската армија. Многумина веруваат дека нивната порака до новиот генерал за кој е познато дека е од редовите на јастребите во армијата, е дека тие ќе дејствуваат остро ако тој преземе поцврсти мерки против нив. Или, како што вели Заман ,,Ќе ви ја уништиме економијата,,. Тоа особено ако се знае дека турската економија е премногу зависна од туризмот. Станува збор за приход дваесет милијарди долари годишно. Токму тоа ќе предизвика обратен ефект, наведува Заман, која посочува еден ваков пример.

„Кусо време откако протекоа информации во медиумите за тајни преговори меѓу турските разузнавачки служби и ирачките курдски лидери, јавноста во Турција покрена голема кампања против властите нарекувајќи ги предавници.“

вели Амберин Заман дописник од Истанбул за магазинот Економист.
XS
SM
MD
LG