Достапни линкови

Потребно е заострување на казнената политика


Со превземање на функциите лицата се должни да ја пријават имотната состојба, и тоа велат од Антикорупциската комисија се случува кај повеке од 90 проценти од функционерите. Но, проблемот е, во тоа што не се отвораат сите анкетни листови туку само оние каде што постои основано сомнение. Сепак додаваат клучно е во иднина да се зајакне казнената политика

„Судовите постапуваат, но можам да кажам дека казнената политика и блага. Значи, целта не се постигнува. Репресијата е најдобра превенција. Од она што се изречени како казни е укор или парична казна од 5,10 или 15 илјади денари што не е соодветна на степенот и обврската на заштитниот објект.“

изјави Јован Трпеноски од Државнаат антикорупциска комисија.
За разлика од него, адвокатот Јован Јоанидис смета дека доколку се применуваат максималните казни за прекршоци од 50 илјади денари за физички лица и 500 илјади денари за правни лица и тоа постојано сликата ке биде поинаква. Кај нас вели Јоанидис, проблемот е што законот не се применува кон сите:

„Нема лош закон, има закон што се спроведува или не. Овде имаме пример на неприменување на закон. Мора да се применува за сите.“

Тој укажува дека бројот на прекршочни пријави против функционерите е многу мал и тие најчесто застаруваат:

„Јас мислам дека имаше два – три случаи за покренување на прекршочна постапка, и застареа поради недостапност на функционерите, затоа што рокот за застарување е две години.“

вели адвокатот Јоанидсис.
XS
SM
MD
LG