Достапни линкови

logo-print

Македонија мора да покаже дека ги спроведува реформите, велат аналитичарите


До претстојниот самит на НАТО и мислењето на Европската комисија, земјава мора да покаже дека се почитува начелето владеење на правото или ефикасно судство и сузбивање на корупцијата, како и усвојување на законот за полиција, порачуваат аналитичарите. Има две клучни поенти вели Лидија Георгиева од Филозовскиот факултет во Скопје и додава:

„Едната е дека Македонија во наредниот период треба да докаже дека е функционална демократија и дека може да гарантира стабилност и безбедност во државата. И другата компонента која што произлегува од обврските преземени во однос на приближувањето кон ЕУ и НАТО. Значи сепак пунктовите на кои треба да се обрне внимание е завршувањето на обврските од Кардс програмата и од безбедносната свера тоа се правдата и внатрешните работи или пред се интегрираното гранично управување.“

При спроведување на реформите најважно е почитување на роковите, а од тоа ќе зависи и односот на меѓународната заедница кон Македонија:

„Од нас зависи како што ќе се однесува меѓународната заедница кон нас, особено на полето на економијата. Не е важно веќе за неа колку квалитетни програми им нудиме, туку колку сме способни нив да ги исполниме. Тоа е сега новата мерка на ЕУ и меѓународните финансиски институции.“

Изјави аналитичарот Хисен Рамадани.
Националниот координатор во Владата за НАТО интеграции, Никола Димитров смета дека со изборите немало поголем застој во спроведување на реформите:

„Рига неможе да вети членство, меѓутоа може да охрабри во таа смисла што ако се продолжи со реформите тогаш кандидатурата на Македонија сериозно ќе биде разгледана и во тој стил има повеќе варијанти, но во секој случај ќе добиеме една многу позитивна порака. Она што се тестираше од страна на Алијансата беа изборите, а ние имавме добри избори и тоа е значајно во контекст на пораката од Рига.“
XS
SM
MD
LG