Достапни линкови

Квета: Полициски час поради немирите предизвикани по убиството на бунтовнички водач


Пакистанските власти воведоа полициски час на неодредено време во градот Квета, по немирите предизвикани од подржувачите на Наваб Акбар Бугти, бунтовнички лидер во оваа земја кој синоќа беше убиен од страна на пакистанските безбедносни сили. Бугти и уште 24 бунтовници се убиени за време на акцијата на безбедносни сили во пакистанската провинција Балучистан. Во акцијата загинале и 20 припадници на безбедносните сили.
XS
SM
MD
LG