Достапни линкови

logo-print

Тел Авив: Израел ги повика пријателските муслимански земји да учествуваат во мисијата во Либан


Израелската влада побара од муслиманските земји, со кои оваа земја има пријателски односи, да учествуваат со свои сили во рамки на мировната мисија на ОН, што треба да бидат распоредени на југот од Либан. Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Марк Регрев изјави дека Израел би го поздравил евентуалното учество на војници од Турција во рамки на меѓународните сили. Претходно, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во телефонскиот разговор со либанскиот премиер Фуад Синиора, се заложи да помогне во укинувањето на израелската блокадата воведена кон аеродромот во Бејрут. Израел соопшти дека нема да ја укине поморската и воздушната блокада кон Либан се додека меѓународните трупи не се распоредат по должината на сите гранични линии, вклучувајќи ја и Либанско-сиријската граница.
XS
SM
MD
LG