Достапни линкови

logo-print

Техеран: Иран не се откажува од нуклеарната програма


Иранскиот главен преговарач за нуклеарната програма Али Лариџани изјави дека Иран ќе продолжи со производството на нуклеарно гориво, за кое рече, дека е ,,стратешка цел,, на земјата. Во меѓувреме Белата Куќа соопшти дека продолжува со консултациите со останатите меѓународни партнери во врска со преземањето на следни чекори кон Иран. Советот за безбедност на ОН му постави рок на Техеран, до 31 август да ја запре програмата за збогатување ураниум или ќе се соочи со санкции.
XS
SM
MD
LG