Достапни линкови

logo-print

Иладници Африканци секојдневно го ставаат животот на коцка во потрага по подобар живот


Снимките на телата на стотина илегални имигранти од Африка удавени во Медитеранот додека се обидувале да дојдат до бреговите на Шпанија и Италија повторно актуелизираа два проблема – Борбата на богатата Европа со илегалната имиграција и фактот дека десетици илјадници гладни и очајни африканци во желбата за подобар живот го ставаат на коцка токму животот како единствено нешто што го имаат.

На едната страна на Канарските острови богаташите пиеја коктели, на другата од трошни дрвени чамци се истоваруваа десетици гладни и дехидрирани африканци. Главно допловуваат од Мавританија и Сенегал, бегајки од сиромаштвото, болестите и бесперспективноста. Од почетокот на оваа година за само 8 месеци брегот на Канарските острови го достигнаа 17 илјади африканци. Тоа е речиси 100 луѓе дневно. Прашањето е од каде толку економски емигранти само на Канарите. Според Петер Шачер од Меѓународната организација за миграција ИОМ тоа се должи на засилената контрола на самиот Медитеран.

„Мароко, кој се користеше како најлесна транзитна рута кон Шпанија и каде беше едноставно да се прејде само Гибраталскиот мореуз, сега заедно со Шпанија подобро ги контролира тие води а тоа ги тера луѓето да се свртат кон Канарските острови.“

Само од Мавританија, според податоците на Меѓународниот црвен крст годишно кон Европа тргнуваат 100 илјади луѓе. На Канарите пристигнуваат од Западна Африка. Во италијанската Лампедуза од Либија и сахарскиот дел на Африка и велат има уште многу други локации но овие се на удар на медиумите затоа што се атрактивни туристички места.

„Околу 3 500 луѓе дојдоа во Лампедуза само во јули. Тоа е огромно зголемување на имигрантите во однос на минатата година.“

вели Симона Москарели од локалниот ИОМ. Меѓутоа ни самата Европска Унија не е доследна во борбата против илегалните имигранти. Проблемот со години им беше оставан на земјите кои беа на ударот како Грција, Италија, Шпанија и Франција. Од неодамна е создаден Фонтекс Агенција на унијата за патролирање и таа испрати бродови на бреговите на земјите членки. Меѓутоа проблем се и законитѕе на Европската Унија. Емигрантите по правило доагаат без документи, а ако не им се знае местото на потекло државите членки немаат каде да ги вратат па по периодот на притвор се пуштаат со обврска да ја напуштат таа земја членка на Унијата. На имигрантите пак на рака им оди што лесно можат да минат во друга земја затоа што во рамките на Европската Унија нема гранични контроли. И конечно самата Европска Унија има потреба од некфалификувана ефтина работна сила која ке го работи и тоа што не сакаат да го работат работниците од Источна Европа. Идеално е бидејки африканците не одбиваат ништо а европејците минуваат поефтино.
XS
SM
MD
LG