Достапни линкови

Политичката стабилност е услов за економски развој


Никола Груевски ветува економски развој, а ДУИ ветува жестока политичка битка. Оттука, стручната јавност, анализира:

„Рано е да се каже дека токму новите ликови е она што ни недостасувало или ќе донесе до прогрес. Во моментов е рано да се прогнозира, но ми се чини дека она што ни престои како предизвик ќе бара доста време и не е нешто што може да се реализира во краток период. Во моментов најголема непознаница е однесувањето на ДУИ во следните четири години,“

Изјави Билјана Ванковска од Институтот Евробалкан, која додава:

„Најлошото сценарио според мене е на релација, не во парламентот, туку можноста на национално ниво водите една политика, а на локално ниво да ги испуштите работите од контрола и почне да јакне оној елемент на федерализација, фрагментација на државата. Едноставно, економската политика на премиерот нема да може да се оствари во расцепкано општество.“

Во наредниот период најважно е да се остварува тоа што е ветено во економскиот дел. Според нив, најважно е да се расчистат случаите на корупција, за да се врати довербата кај граѓаните, во спротивно владата ќе има многу проблеми:

„Битно е прашањето на економските реформи, затоа што нашата држава без сомнение е во тешка економска криза, а таа има влијание и врз севкупните односи. Се разбира дека за првите сто дена не може да се очекуваат суштествени и битни нагли промени. Но, сметам дека владата мора да биде одговорна за програмта што ја предлага,“

изјави Осман Кадриу, професор на факултетот за оштествени науки во Скопје.
XS
SM
MD
LG