Достапни линкови

Вашингтон: Три години затвор за хакер


Кристофер Максвел 21 годишен американец од Калифорнија е осуден на 3 години затвор поради компјутерски напад. Тој пуштил вирус ботнет кој во 2004 и 2005 им наштетил на илјадници компјутери, меѓу кои и на болница во Сиетл и на американското министерство за одбрана. Според судот, казната треба да биде пример за сите млади хакери кои со вируси ги напаѓаат компјутерите.
XS
SM
MD
LG