Достапни линкови

logo-print

Протести на Коалицијата ДУИ-ПДП пред Собранието


Под силно полициско обезбедување, револт на коалицијата ДУИ-ПДП пред Собранието. Иконографијата препознатлива. Транспаренти на кои пишува: „Нашите гласови не се за оваа влада“ „Не се бориме за власт, туку за почитување на дигнитетот“, како и скандирање на слоганот на поранешната ОНА:

„УЧК, УЧК, УЧК. Али Ахмети“

„Бараме да се почитува гласот на албанците и ништо друго.“

„Ова е знак како ќе биде во иднина Македонија без почитување на мнозинството, односно на албанците.“


Активистите и симпатизирерите на ДУИ и ПДП дојдоа и од внатрешноста на земјата да го подржат лидерот Ахмети кој и предвидува проблеми на владата на Груевски, зошто според него тој него направил вистинскиот избор и не ја почитувал вољата на албанските гласачи:

„Мислиме дека протестот ќе траее до 12 часот зависи како ќе доааѓаат луѓето од внатрешноста на земјата.“

вели Рафиз Алити од ДУИ.
Челниците на коалицијата ДУИ и ПДП, Ахмети и Вејсели, најавуваат жестока политичка активност и дека владата нема да има долг век, но ДУИ уште се колеба дали ќе продолжи бојкотот или ќе ги врати пратеничките мандати. Првично од партијата тврдат дека со таквиот потег што го предложи ПДП нема ништо да се постигне. Предлогот на ПДП беше освен трите мандати на оваа партија, да се вратат и 14-те мандати на ДУИ. Теута Арифи вели:

„Мислиме дека мандатарот не ја почитуваше оваа битна политичка воља затоа и не заслужува овие пратеници да бидат на оваа седница.“

Рафиз Алити пак вели:

„Ние мандатите му ги враќаме на народот, бидејќи тие мандати сме ги зеле од народот. Така што мандатите неможат да и се вратат на институција која ние не ја признаваме како легитимна.“

Вели Алити.
XS
SM
MD
LG