Достапни линкови

Москва: Русија е против воведување санкции кон Иран


Русија денеска го отфрли предлогот против Иран да бидат воведен санкции од Обединетите Нации поради неговата нуклеарна програма. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Иванов изјави дека меѓународната загриженост околу иранските нуклеарни активности не треба да се насочи кон дискусии за санкции и оти Москва ќе работи врз наоѓање дипломатско решение. Франција денеска, исто како Германија и Соединетите Држави, оцени дека одговорот на Техеран на меѓународните предлози е незадоволувачки.
XS
SM
MD
LG