Достапни линкови

Брисел: Состанок на ЕУ за учество во мисијата во Либан


Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Брисел разговараат за учеството во мировната мисија во Либан. На состанокот ќе присуствува и генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан. Италија понуди 3 илјади војници во мисијата, како и да ја превземе командата. Вчера Франција соопшти дека ќе испрати вкупно 2 илјади војници во Либан, откако, како што изјави претседателот Жак Ширак, добиле гаранции од Обединетите Нации дека трупите ќе имаат право да одговорат на евентуален напад.
XS
SM
MD
LG