Достапни линкови

Приштина: Продолжуваат разговорите на Марти Ахтисари со српските и косовските претставници


Специјалниот пратеник на ОН за косовскиот статус Марти Ахтисари кој е во посета на Косово, денеска изјави дека е постигнат одреден напредок при разговорите со косовскиот преговарачки тим за процесот на децентрализија, но истакна дека разговорите со косовската страна, попладне ќе бидат продолжени. Ахтисари ова го изјави по средбата со претседателите на српските општини на северот од Косово кои му го пренеле нивниот став дека децентрализацијата е клучно прашање за опстанок на србите на Косово и оти се согласуваат со бројот на општини за кои се залага белградскиот преговарачки тим. Ахтисари истакна дека техничките прашања, како децентрализацијата мораат да бидат решени без разлика на статусот на Косово.
XS
SM
MD
LG