Достапни линкови

logo-print

Доњецк: Пронајдени телата на сите 170 патници од несреќата на рускиот патнички авион


Телата на сите 170 патници и членови на екипажот кои загинаа при уривањето на рускиот патнички авион во Украина, се пронајдени. Како што соопштија руските претставници нивната идентификација ќе започне во текот на денов. Местото на несреќата денеска го посетија роднини и блиски на загинатите, а некои од нив ќе бидат вклучени во идентификацијата на жртвите. Инаку во Русија денеска е прогласена ден на жалост.
XS
SM
MD
LG