Достапни линкови

Берлин: САД и Германија го оценија како ,,незадоволувачки,, одговорот на Иран


Германскиот канцелар Ангела Меркел го оцени како ,,незадоволувачки,, одговорот од Иран на пакетот предлози од светските сили за економски и други бенефиции, со цел земјата да се откаже од нуклеарната програма. Меркел истакна дека Иран не дал никакво навестување дека планира да се откаже од програмата за збогатување ураниум. Претходно и Соединетите држави оценија дека иранскиот одговор во кој беше понудено отпочнување сериозни разговори за нуклеарната програма на земјата, не го исполнува клучното барање на ОН- за запирање на програмата за збогатување ураниум од страна на Иран.
XS
SM
MD
LG