Достапни линкови

Хелсинки: Финска со надеж за конкретна понуда од ЕУ во мисијата на ОН во Либан


Финска, која претседава со Европската Унија, денеска соопшти дека се надева оти првото засилување со војници во рамки на мировната мисија на Обединетите Нации во Либан, ќе биде испратено во регионот во рок од седум дена. Финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја изрази надеж дека членките на Европската Унија ќе упатат конкретна понуда за учество со свои сили, во рамки на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на Унијата. Засега Италија вети дека ќе испрати 3 илјади свои војници во Либан.
XS
SM
MD
LG