Достапни линкови

Главна придобивка е олеснувањето на трговијата меѓу земјите членки на ЦЕФТА


Со стапувањето во сила на договорот за трговска унија или ЦЕФТА во која покрај Македонија се вклучени и Хрватска, Бугарија и Романија, стартува поголема либерализација меѓу четирите држави. Со ова прекинуваат да важат билатералните договори помеѓу овие земји, а со тоа објаснуваат експертите правно се олеснува соработката:

„Тоа ќе ги замени моментално огромниот број билатерални договори за слободна троговија. Ова значително ќе ја олесни трговијата и соработката меѓу овие земји.“

Изјави Борко Ханџиски советник за економски прашања во мисијата на Европската Унија.
ЦЕФТА предвидува царини само за индустриските производи при трговија помегу нашата земја и Романија кои ке се укинат до 2008, а со останатите Бугарија и Хрватска тие се ослободени од царина. Сите земји меѓусебно имаат разменето земјоделски концесии, така на пример за Бугарија квотата за извоз на јаболка е 4 илјади тони без царина, во увозот во Македонија од Хрватска сите земјоделски стоки се без царина, а за неколку стоки бесцарински е влезот само на квотите, 300 тони свинско, 600 тони млеко и слично.
Стопанствениците во земјава недоволно информирани, велат сеуште не знаеме прецизно како ќе се одвива трговијата, а од Стопанската комора посочуваат дека за нив ќе биде организирано советување на 30 овој месец. Оттаму информираат дека во рамки на овој договор поголема предност имаат Романија и Бугарија, а помала Македонија и Хрватска, бидејќи тие имаат договори за Стабилизација и асоцијација со Европската унија, а не европски договори:

„Од една страна ги имаме Романија и Бугарија на кои со овој договор им се овозможува да го применуваат Паневропскиот договор, тоа значи дека можат да увезуваат компоненти од Хрватска и од Македонија да ги преработуваат и да ги извезуваат без царина во ЕУ и Турција и обратно. Овој ЦЕФТА договор, Македонија и Хрватска ги ограничува во однос на тоа што ние можеме да вградуваме компоненти од ЕУ и Турција во нашиот производ, но тој производ потоа неможеме да го изезуваме во Бугарија и Романија.“

изјави Љубица Нури советник во Стопанската комора.
Таа додава дека Македонија во останатите три земји заедно, има извоз од околу 130 милиони долари, а увоз речиси 390 милиони долари. Дефицитот е најголем со Романија, а најмал со Бугарија.
XS
SM
MD
LG