Достапни линкови

logo-print

Брисел: Состанок на амбасадорите на ЕУ за учеството во мировните сили во Либан


Амбасадорите на Европската Унија се состануваат денеска во Брисел да разговараат за учеството на земјите членки на Унијата во мировните сили во Либан. Италија очекува да биде поддржан нејзиниот план за испраќање на три илјади војници во силите кои, според резолуцијата на Обединетите нации треба да бројат над петнаесет илјади мировници. Денешниот состанок всушност е подготовка на состанокот на шефовите на дипломатиите на Унијата што в петок исто така ќе се одржи во Брисел.
XS
SM
MD
LG