Достапни линкови

Москва: Пронајдени црните кутии од рускиот авион што се урна во Украина


Руските власти соопштија дека се пронајдени црните кутии врз основа на кои ќе можат да се утврдат причините за вчерашната несреќа на рускиот патнички авион кој се урна во Украина, при што загинаа 170 лица. Рускиот министер за транспорт Игор Левитин изјави дека кутиите се предадени на натамошна истрага. Авионот на руската авио-компанија ,,Пулково ерланјс,, летал од руското одморалиште Анапа, до Санкт Петерсбург.
XS
SM
MD
LG