Достапни линкови

Париз: Иран да се откаже од збогатувањето ураниум, па потоа преговори


Францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст Блази денеска изјави дека светските сили ќе започнат разговори со Иран во врска со нуклеарната програма на земјата, но само доколку Техеран претходно го запре збогатувањето ураниум. Иран вчера соопшти дека е подготвен да отпочне ,,сериозни разговори,, околу пакетот предлози од Западот кои имаат за цел запирање на неговата нуклеарна програма, но не соопшти дали ќе го исполни клучното барање на Советот за Безбедност на ОН, до 31 август да го сопре збогатувањето ураниум или ќе се соочи со санкции.
XS
SM
MD
LG