Достапни линкови

Приштина: Започнаа средбите на Марти Ахтисари со косовските и српските претставници


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу по разговорите со специјалниот пратеник на ОН за косовскиот статус Марти Ахтисари во Приштина, истакна дека косовскиот преговарачки тим цврсто останува на ставот да нема зголемување на бројот на општините со српско мнозинство во процесот на децентрализација, но најави можност за проширување на територијата на предложените општини со нови катастарски единици. Претходно пред владата на Косово, протестираа членовите на движењето Самоопределување, кои се спротивставуваат на преговорите меѓу Приштина и Белград и бараат заминување на мисијата на ОН од Покраината.
XS
SM
MD
LG