Достапни линкови

Сеул: Повеќе од илјада граѓани на Северна Кореа пребегале во Јужна Кореа и другите азиски држави


Повеќе од илјада севернокорејци пребегале во Јужна Кореа во првите седум месеци од годинава, што е за околу 60% повеќе во однос на минатата година, соопштија јужно корејските власти. Во Тајланд, како што соопштија претставници од таа земја, вчера биле уапсени 175 севернокорејци кои илегално влегле во земјата. Се смета дека сиромаштијата во Северна Кореа е главна причина за масовниот егзодус на населението од оваа земја во некоја од државите од Југоисточна Азија или во Кина.
XS
SM
MD
LG