Достапни линкови

Гевгелија: Македонските туристи ја напуштаат Грција по пожарот на Халкидики


Околу 600-тини македонски државјани се регистрирани на граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката граница, кои по синоќешниот пожар на грчкиот полуостров Халкидики, масовно ги напуштаат тамошните летувалишта. Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека засега нема информации за евентуално повредени граѓани од Македонија во пожарот на Халкидики. Пожарот кој се простираше во должина од 10 километри и ги зафати и туристичките населби Полихроно, Ханиоти, Пефкохори и останатите, е локализиран и во овие места е обновено снабдувањето со струја и вода. Огнената стихија сеуште беснее во ненаселените места, но грчките власти изјавија дека тие се делумно под контрола. Во пожарот загина еден германски туристи, а десетици лица добиле изгореници.
XS
SM
MD
LG