Достапни линкови

logo-print

Рим: Италија бара итен состанок на ЕУ за мандатот на мировните сили на ОН во Либан


Италијанскиот премиер Романо Проди побара одржување на итен состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија на кој ќе се разговара за дефинирањето на мандатот на мировните сили на Обединетите Нации во Либан. Италија изрази подготвеност да ги предводи мировните сили во Либан и соопшти дека ќе испрати две до три илјади свои војници. Утре Европската Унија треба да разговара за учеството со свои сили во мировната мисија во Либан и покрај тоа што за сега нема поголема понуда од страна на европските земји, кои бараат јасно дефинирање на мандатот и улогата на трупите кои би биле испратени во Либан.
XS
SM
MD
LG