Достапни линкови

Техеран: Иран е подготвен на сериозни разговори за нуклерната програма, изјави Али Лариџани


Иранскиот главен преговарач за нуклеарната програма Али Лариџани денеска изјави дека Техеран е подготвен на ,,сериозни разговори,, со шестте земји околу пакетот мерки доставени до Иран, со цел земјата да откаже од контроверзната програма за збогатување ураниум, пренесуваат иранските медиуми. Лариџани, истакнал дека разговорите околу предложените мерки би можеле да започнат најрано утре, но тој сепак не соопшти дали Техеран ќе се откаже од збогатувањето ураниум. Иранскиот преговарач Лариџани ова го изјави по состанокот во Техеран со претставниците на земјите членки на Советот за безбедност на ОН на кој им го достави одговорот на пакетот предлози, во кои имено на Иран му се нудат економски и други бенефиции во замена да се откаже од нуклераната програма. Засега нема реакции од некоја од шеесте земји членки на Советот за безбедност, а не се познати ни детали од одговорот на иранската влада. На 30-ти јули Советот за безбедност усвои резолуцијата со која на Иран му се дава рок до 31 август да го запре збогатувањето ураниум, или ќе се соочи со санкции.
XS
SM
MD
LG