Достапни линкови

logo-print

Москва: Се урна руски патнички авион во Украина, при што загинаа 170 патници


Руското министерство за итни ситуации соопшти дека најверојатно сите патници од рускиот авион кој денеска се урна во Украина, се мртви, пренесуваат агенциите. Во рускиот авион од типот Тупољев 154 се наоѓаа 160 патници меѓу кои и 40-тина деца и 10 членови на екипажот, а тој се урна во источниот дел на Украина во близина на градот Доњетцк. Непосредно пред несреќата, од авионот бил испратен сигнал за тревога, по што тој исчезнал од радарските екрани. Од украинското министерство за итни ситуации изјавија дека пилотот алармилар за пожар во авионот на висина од 10 илјади метри, но сепак сеуште не се познати официјалните причини за несреќата. Авионот на авиокомпанијата Пулково ерлајнс, сообраќал на релација од руското одморалиште Анапа преку украинска територија, до Санкт Петерсбург.
XS
SM
MD
LG