Достапни линкови

Новата влада „заглави“ во уставните рокови


За формирање на новата влада се искористија речиси сите уствани рокови и покрај најавите дека нејзиниот состав ќе биде познат многу порано од терминот предвиден со правните норми. И сето тоа за да се продоложи со спроведување на реформите, а есенва Македонија го очекува и мислењето од Европската комисија. Аналитичарите велат во земјава има премногу работа и секој ден е важен, но како и дали ке се спроведат обврските зависи од способноста на политичките елити

„Брзината на одвивањето на изборниот процес, сепак зависи од подготвеноста на политичките елити за да седнат на власт. Во таа смисла не мислам дека законските рокови се кратки или предолги, туку мислам дека нашите политички елити се неподготвени за брз договор.“

вели Гунер Исмаил од Форум Центарот за стратешки анализи. Според него состојбата во земјава е доволно тешка и затоа тој порачува

„Оваа влада, ако ја изберат во петок, односно сабота, императив ќе биде од недела да работи.“

Аналитичарот Хисен Рамадани пак укажува дека не е помалку важно поставување на првите луге во вториот и третиот ешалон, бидејки како што вели станува збор за функции каде што се потребни стручни луѓе:

„Таму има уште една проблематика. Таа негативна традиција на партизација во тесна смисла на зборот, тие ешалони треба да бидат најстручни.“
XS
SM
MD
LG