Достапни линкови

Хаг: Србија одбива да го уапси Ратко Младиќ, изјави главниот хашки обвинител Карла Дел Понте


Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Карла Дел Понте истакна дека Србија одбива да го уапси главниот осомничен за масакрот во Сребреница генералот Ратко Младиќ. Во воведниот говор на формалното презентирање на случајот против седумината српски офицери, обвинети за масакрот на седум илјади муслимани во Сребреница и Жепа во 1995-та година, Дел Понте изрази жалење што на обвинителната клупа не се наоѓа и Младиќ. Во своето обраќање пак, хашкиот обвинител Питер Меклоски најави дека ќе докаже оти масакрот во Сребреница бил дел од планот на властите на Република Српска за етничко чистење на Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG