Достапни линкови

Техеран: Иран изврши тестирање на ракета со краток дострел


Пренесувајќи ја иранската државна телевизија, агенциите јавуват дека Иран денеска извршил тестирање на ракета земја-земја со краток дострел, ден откако армијата започна голема воена вежба во земјата. Ракетата има дострел меѓу 80 и 250 километри и нејзиното тестирање било извршено во пустината Кашан, југоисточно од Техеран. На видео снимката од државната иранска телевизија се гледа лансирање на 10 ракети. Инаку, иранската армија вчера започна со голема воена вежба за да ја претстави новата одбрамбена доктрина на земјата.
XS
SM
MD
LG