Достапни линкови

Техеран: Иранските власти повторија дека нема да се откажат од збогатувањето ураниум


Иран денеска повтори дека нема да запре со збогатувањето ураниум, отфрлајќи го со тоа барањето содржано во пакетот предлози од меѓународната заедница, што беа доставени до Техеран за решавање на нуклеарната програма на земјата. Портпаролот на министерството за надворешни работи Хамид Реза Асефи изјави дека Иран останува подготвен на преговори, но како што изјави ,,збогатувањето ураниум не е на нашата агенда,,. Иран истакна дека на 22 август ќе даде одговор на пакетот предлози од Западот. Инаку, денеска иранските власти најавија дека наскоро во посета на земјата ќе допатува генералниот секретар на ОН Кофи Анан.
XS
SM
MD
LG