Достапни линкови

Прага: Сончевиот систем наскоро би имал 12, наместо сегашните 9 планети


Нашиот Сончев систем наскоро би можело да има дванаесет, наместо сегашните девет планети. Се е во рацете на астрономите кои деновиве се состанаа во Прага за да решат што може да се подразбере под поимот планета. Доколку биде прифатен еден од предлозите тогаш Сончевиот систем како планети ќе ги добие уште Ксена, Чарон и Серес. Плутон и натами ќе биде планета, но во нова категорија наречени плутони.
Земјотрес со интензитет од четири запирка два степена според Рихтеровата скала изутрината ја погоди северна Грција. Епицентарот на земјотресот бил на дваесет километри југоисточно од Солун.
XS
SM
MD
LG