Достапни линкови

logo-print

Експертите велат дека тоа е оправдано, бидејќи досега државата водела социјална пoлитика


Новите сопственици на Елекстростопанство-Дистрибуција, австријците ЕВН и државната компанија за пренос на енергија МЕПСО деновиве побараа поскапување на електричната енергија за околу 15 проценти. Во меѓувреме оние кои што беа против продажба на Дистрибуцијата предупредуваа дека граѓаните ќе плаќаат повисоки цени. Но, според професорот од Електро-техничкиот факултет Властимир Гламочанин ова е очекувана постапка затоа што како што вели, досега во Македонија струјата била мнногу евтина:

„Енергетскиот систем е економски систем кој функционира според економските закони. Прво, цената на електричната енергија во Македонија е пониска во однос на цените на соседните земји, така да беше нормално беше да се очекува дека ќе дојде до едно вакво барање.“

објаснува Гламочанин и додава дела поскапувањето ќе се случело без разлика на тоа дали Дистрибуцијата е во рацете на државата или во приватна сопственост.

„Поскапувањето на цената прво не е резултат од продавањето на ЕСМ, туку е резултат на нормалното економско вреднување на струјата како енергенс. Кај нас цената на струјата беше социјална категорија и заради тоа целиот систем имаше некои последици, односно не беа обновувани некои објекти итн. Така да ова барање за покачување на цената е нормално барање, а и порано имаше такви барања, но не беа одобрувани бидејќи држава водеше социјална политика и ги штитеше граѓаните.“

Барањата за поскапување пак, ЕВН и МЕПСО ги доставија до Регулаторна комисија чија одлука ќе биде конечна. Нивната функција во однос на формирање на цената не се менува без разлика на фактот што сега сосптвеникот е приватна странска компанија:

„Нема врска бидејќи е приватизирана фирмата, прописите се однесуваат подеднакво и на фирми во приватна, и на фирми во државна сопственост.,,

вели Претседателот на комисијата Славе Ивановски.
XS
SM
MD
LG